Veterinary university colleges and schools in all countries

Used to viewFlash Player 9 or higher.

Show all tags

Veterinary department Skopiya University Факултетот за ветеринарна медицина

Ветеринарниот факултет - Скопје е основан во учебната 1991/1992 година, како насока на Земјоделскиот факултет во Скопје со Решение од 1 XI 1991 година, издадено од Министерството за образование и физичка култура. Со ова Решение, Земјоделскиот факултат беше задолжен да отпочне со настава на 6 XI 1991 година со студиите на прва и втора година, со студенти вратени од другите ветеринарни факултети на бившата СФР Југославија. На 30 I 1993 година, Наставно-научниот Совет на Земјоделскиот факултет - Скопје донесе одлука за издвојување на насоката на ветеринарниот студиум во засебен Ветеринарен факултет. Факултетот за ветеринарна медицина се наоѓа во општина Гази Баба. Факултетот е сместен на улица Лазар Поп-Трајков 5-7 поточно веднаш до Шумарскиот и Факултетот за земјоделлски науки и храна.
Ветеринарниот факултет - Скопје е основан во учебната 1991/1992 година, како насока на Земјоделскиот факултет во Скопје со Решение од 1 XI 1991 година, издадено од Министерството за образование и физичка култура. Со ова Решение, Земјоделскиот факултат беше задолжен да отпочне со настава на 6 XI 1991 година со студиите на прва и втора година, со студенти вратени од другите ветеринарни факултети на бившата СФР Југославија.
На 30 I 1993 година, Наставно-научниот Совет на Земјоделскиот факултет - Скопје донесе одлука за издвојување на насоката на ветеринарниот студиум во засебен Ветеринарен факултет.
По склучување договор помеѓу Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт, Главната ветеринарна болница и Земјоделскиот факултет за обезбедување на простор и опрема што ќе се користи за извршување на студиите по ветеринарна медицина, матичната комисија утврди дека се исполнети сите неопходни услови за отпочнување со работа на Ветеринарниот факултет. Врз основа на тоа, Министерството за образование и физичка култура донесе решение од 20 IV 1994 година, со што го верифицира формирањето и работењето на Ветеринарниот факултет во Република Македонија.
На барање на Ветеринарниот факултет, Основниот Суд - Скопје I, на 26 IV 2000 година донесе решение за извршена промена на називот на Ветеринарниот факултет во Факултет за ветеринарна медицина (ФВМ). Владата на Република Македонија, во рамките на своите права и обврски, на предлог на Министерството за образование и наука, на седница одржана на 20 X 2003 година, донесе Одлука за припојување на Ветеринарниот институт кон Факултетот за ветеринарна медицина.
2. Досегашна наставна дејност
Со формирањето на факултетот, во 1991 година, усвоен беше студиски план кој во голема мерка наликуваше на истите од факултетите во бившите југословенски простори, а прилагоден на локалните можности и капацитети во човечки ресурси и простор.
Со одвојувањето од Земјоделскиот факултет беше извршена измена и дополнување на студискиот план, при што беа исфрлени одредени наставни целини и воведени нови. По овој студиски план и програма и денес се изведува наставата на Факултетот за ветеринарна медицина во траење од 5 години (10 семестри) со вкупен фонд од 4710 часови од кои за теоретска настава 2580 (54.78%), а за практична 2130 (45.22%) часови.
Во учебната 2003/2004 година беше формирана работна група на ФВМ со задача изготвување на нов наставен план и реорганизација на наставниот процес при ФВМ. Како појдовна основа за работа групата го користеше предлог наставниот план до кој се дојде во рамките на задачите кои произлегоа од Темпус проектот "Унапредување на ветеринарната едукација во Република Македонија" (Joint European Project No CD-JEP-15017-2000). Работната група темелно анализира и голем број студиски планови и програми на акредитирани европски факултети, како и бројни нови сознанија во подрачјето на биомедицината кои не беа вклучени во стариот студиски програм. Дополнително, во текот на процесот на евалуација факултетот беше посетен од превизитациската комисија на Европската асоцијација на ветеринарни факултети (EAEVE) чија полноправна членка е и ФВМ. Комисијата даде корисни и вредни совети за недостатоците во едукацискиот процес, кои треба да се корегираат. Поголем дел од сугестиите кои се однесуваа на студискиот план се разгледани и имплементирани во новиот план. Земајќи ги предвид стекнатите искуства и добиените сугестии, но и специфичностите на ветеринарната струка во Македонија Факултетот подготви нов студиски план кој е подетално прикажан во продолжетокот на овој водич.
Студирањето со измените на студиски план, трае 5.5 години (11 семестри), а сите предложени промени се одраз на следењето на актуелните состојби во ветеринарството во земјата и Европската унија, светската ветеринарна наука но и општествените состојби особено во областа на земјоделството и стопанството во целина.
3. Кадровска состојба
Додипломската настава на Факултетот за ветеринарна медицина ја реализираат наставници и соработници од факултетот со исклучок на предметот Биофизика, во чие реализирање учествуваат наставници од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје

Контакт
Лазар Поп-Трајков 5-6 
Скопје
Македонија
1000
Македонија
++ 389 2 3240 700 
 ++ 389 2 3240 700
Маил на декан - mitrov@fvm.ukim.edu.mk
Маил на продекан за настава - mrenoski@fvm.ukim.edu.mk
Маил на проденак за наука - zhajrulai@fvm.ukim.edu.mk

http://www.fvm.ukim.edu.mk/

Related Articles
  • Zhytomyr national agroekologichniy university Faculty of Veterinary Medicin ...
  • Podolsk state agrarian-technical universityм
  • Odessa State Agrarian University Faculty of Veterinary Medicine
  • Sumsky State Agrarian University Faculty of Veterinary Medicine
  • The European Association of Establishments for Veterinary Education (EAEVE)

  • Home

    News Calendar

    «    September 2017    »
     
    1
    2
    3
    4
    5
    6
    7
    8
    9
    10
    11
    12
    13
    14
    15
    16
    17
    18
    19
    20
    21
    22
    23
    24
    25
    26
    27
    28
    29
    30
     

    Popular Articles